07.09.2025

Османи да се занимава со локални теми, зошто за евроинтеграциите направи само селфи во авионот со Заев лажејќи дека ги отвориле преговорите


Бујар Османи може да се концентрира на локалните теми како хигиената, кучињата скитници, осветлувањето, водовод, канализација затоа што пред нас претстојат локални избори.

Високата политика нека ја остави зад себе, затоа што го видовме што и колку сработи во тој поглед.

Преговараше со Бугарија и ги распродаваше државните национални интереси и идентитетските обележја на македонскиот народ.

Прифати и потпиша договори кои создаваат обврски само за Македонија, а на Бугарија му даваат можност да ја блокира државата на секој чекор од евроинтегративниот процес.

Како поранешен министер за надворешни работи, Османи не направи ама баш ништо за евроинтегративниот процес, освен што правеше селфи во авионот со Заев лажејќи ја македонската јавност дека ги отвориле преговорите.