07.09.2025

Ѓорѓиевски: Со силно темпо и динамика, ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија, за пофункционален и поврзан град


И денес, недела, на терен со дел од мојот тим.

Направивме увид на уште неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од мандатот во град Скопје.

Довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток;

Кружен тек на улица „Бутелска“

Нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел;

Летни сцени на скопското Кале и Аквадуктот;

Изградба на прва фаза на булевар ,,Хрватска”.

Со силно темпо и динамика, како никогаш досега ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија.

Решенија кои ќе ја олеснат секојдневната циркулација, ќе го направат градот пофункционален, поврзан и жив.

Ќе изградиме нови парковски содржини и зеленило, за чист и убав град.

Културата на едно високо ниво, токму онака како што доликува на една европска метропола.

Следуваат уште многу други проекти кои ќе бидат промовирани, а ќе бидат за доброто на нашиот народ.

Ќе понудиме решенија за Скопје кое ќе функционира, а не празна реторика.

Скопје добива нов лик, наскоро.

Скопје станува град каков што скопјани навистина заслужуваат.

Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/p/1D4ue4W7zk/?mibextid=wwXIfr