09.09.2026

СДС ги нарече граѓаните идиоти


СДС го проби дното и ги нарече граѓаните идиоти во официјалнo соопштение од партијата.

Наместо да покажат почит кон луѓето од кои бараат доверба, тие продолжуваат со навреди, потценување и арогантен однос кон сопствениот народ.

Дали во СДС има кормирал, каде оди СДС со ваков однос кон граѓаните?

СДС продолжуваат со потценување, навреди и арогантен однос кон граѓаните и токму поради тоа исчезнуваат од политичката мапа во државата.

На СДС им смета се, им сметаат прослави за независноста, им смета напредок им смета развој а сега го пробија дното и ги нарекоа граѓаните идиоти. СДС единствено што знае е да ликува на неуспех.

Граѓаните гледаат, паметат и знаат да проценат кој ги почитува, а кој ги потценува.

Затоа СДС е на маргините на политичкиот спектар.