Глупости. Ова е нивото на СДС кога е скроз јасно дека нема идеи и нема визија. Во вакви ситуации, се измислуваат тези за да се хранат оние 6% поддржувачи што сè уште им веруваат.
Венко Филипче, наместо да инструира пресови за ВМРО-ДПМНЕ и да глуми аналитичар, нека им даде одговор на своите сопартијци:
1. Како заедно со Заев го умножија своето богатство додека граѓаните тонеа во сиромаштија?
2. Како СДС од втора политичка сила во државата пропадна на четврто место, под водство токму на луѓе како него?
Нека им објасни на членовите на СДС зошто партијата е симбол на корупција, криминал и тајни договори, зошто младите си заминуваа од државата токму додека тој седеше во владата, и зошто секогаш на јахти и острови се договараа нивните „тези“ за спас на партијата.
Кога Филипче ќе има одговор за овие прашања, тогаш можеби ќе може да зборува за избори, демократии и процеси.
Сега единствено што прави е да личи на својот ментор, кој му ја остави во наследство матрицата на криминал и манипулација.
Сè друго што го зборува е смешно. И трагично. За нив.








