25.10.2025

Нов ден и јавноста е во очекување поради прашањето со што денес СДС ќе го спореди својот изборен неуспех

Денес е нов ден за Македонија, ден кога во очекување и грч е целата јавност, а и сите ние, поради прашањето со што денес ќе го споредат од СДС својот изборен успех.

Можеби со 1993 година во Македонија, или пак ќе продолжат со некои земји од африканскиот континент и нивните искуства.

Однапред, далеку пред да пуштат соопштение за историските подвизи на нивната партија, кои се плод на халуцинации и една специфична психолошка состојба, им викаме, да се освестат, сконцентрираат и приберат, бидејќи е срамота.