Откако најпрвин негираа, сега од СДС јавно признаваат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бил следен. Јавноста со право очекува одговор, од каде СДС имаат вакви информации? Дали тие им се доставени од Виктор Димовски, од Заре Милошевски или, пак, од двајцата?
СДС целосно се заплеткаа во сопствените лаги. Еден ден тврдат дека Мицкоски бил следен за „делчевски ниви“, друг ден за наводна „дестабилизација на државата“. Ова јасно покажува дека СДС не знаат што зборуваат, дека ја манипулираат јавноста и дека се плашат од вистината која ќе излезе на виделина.
Кога торбата би имала второ име би се викала Зоран Заев и Венко Филипче. Впрочем на камера го видовме Заев како бара евро за себе и евро за Вицето.
Граѓаните заслужуваат одговори, а не нови лаги и измислици. Време е одговорните да понесат одговорност, а Македонија конечно да се ослободи од криминалните и коруптивни практики на СДС.








