ЈО и Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери иако постојат индиции и сомнежи за огромен криминал и корупција.
Јавноста има право да знае што се случува со случајот рекет 2 и зошто јавниот обвинител Коцевски се уште го прикрива.
Коцевски да не молчи за случајот Рекет 2 во кој се вплеткани поранешните од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми и се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен.
Граѓаните имаат право да знаат кој бил рекетиран?
Во кој временски период се случувале овие настани?
Кои се причините и за колку средства овие тројца сакале да го изрекетираат бизнисменот?
Дали е вплеткан и познат скопски адвокат и како одела шемата на рекетот? Дали се вмешани и поранешни функционери од СДС и од ДУИ?
ЈО и Коцевски да го расчистат случајот, правда и одговорност мора да има.