27.11.2025

Василевска: ЕУ и Македонија ги зацврстуваат партнерските политики преку усвоени заеднички Препораки

Во рамките на вториот ден од дискусијата на 24. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет, дискутиравме на темите:

– Перспективата на пристапните преговори, добрососедските односи, регионалната стабилност и регионалната соработка;

– Прашања поврзани со животната средина;

– Транспорт, енергија и инфраструктурна поврзаност и

– Вештачка интелегенција и дигитализација.

На крај од дискусиите заедно со колегите од Европскиот парламент усвоивме заеднички Препораки кои ги опфаќаат аспектите на меѓусебните односи, а ќе бидат упатени до институциите на Европската унија и нашите институции.

https://www.facebook.com/share/p/1BkcCYqYrj