28.01.2026

Петрушевски: Упорноста, транспарентноста и борбата за правда даваат резултати, Обвинителството отвори предмет за Клиничка болница Жан Митрев

По повеќе од 10 прес-конференции, јасна аргументација и упорно инсистирање на вистината, конечно институциите мораа да реагираат.

Јавното обвинителство денес потврди дека е започната постапка за испитување на наводите за скандалот околу обидите на Зоран Заев и Венко Филипче со уцени да ја купат Клиничката болница „Жан Митрев“ за багателни пари.

Ова е доказ дека упорноста, транспарентноста и борбата за правда даваат резултати. Кога вистината се кажува гласно и јасно, таа на крај секогаш излегува на виделина.

Продолжуваме без отстапување. За правда, за одговорност и за граѓаните.