01.04.2026

СДС на чело со Филипе е во изолација и без концепт, на Бихачка се нервозни и во политичка конфузија поради топење на рејтингот, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи и економски раст

Единствен кој е во изолација е СДС на чело со Венко Филипче а под менторство на Заев.

 СДС е тотално без концепт а изјавите на Филипче се како теоретичар на заговори, СДС со небулозните прес-конференции повеќе наликува на странска опозиција, еден ден се опозиција во Србија следниот  Унгарија итн нервозни и во паника наместо да делуваат како сериозна и одговорна опозиција.

Филипче е синоним за криминалното владеење на Заев. Додека СДС беа на власт 3 пати ја зголемуваа акцизата, и сакаа да воведат и еколошка такса со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата.

Сега цената на горивата во Македонија со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно.

СДС додека беа власт го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи со што ја откочија спиралата за зголемување на сите цени на производите. Инфлацијата во време на СДС и ДУИ беше двоцифрена.

СДС го колабираше енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси.

Заради погрешните економски политики кои ги спроведуваше власта на СДС и ДУИ и кои ги оставија граѓаните да живеат со 150 денари на ден а државната каса ја испразнија сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќа наталожени долгови во висина од 2.5 милијарди евра.

СДС е антидржавна партија која го распродаде националниот идентитет.

Да го потсетиме Филипче и СДС дека СДС на чело со Заев се тие кои ветуваа сигурен влез во ЕУ додека ги распродаваа националните интереси и го променија името на државата.

 СДС потпиша договор  за пријателство со Бугарија  а тие ни испорачаа блокада и француски предлог со нови барања. Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван.

 ВМРО- ДПМНЕ се залага да бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи, економски раст и подобар живот за сите граѓани.