Видовме што се случуваше деновиве имаше разни преписки во јавноста. Не би сакал да навлагам во тоа што се случуваше. Едноставно сметам како член на таа комисија дека фрливме дамка на целиот настан, 50 годишнината од Општина Центар и сметам дека треба оваа точка да се повлече, затоа што од дневен ред, односно 15-та точка, предлог одлука за доделување на годишна награда на Општина Центар, Феникс.
Секоја чест, сакам да напоменам, секоја чест за кандидатите што беа избрани и што учествуваа на огласот, но бидејќи поважно очигледно беше промоција, што можевме тој дел да го рипнеме и да биде после изгласување на точката, затоа што бевме согласни сите, беше се успешно, меѓутоа фрливме одредена дамка и сметам дека процедурата не е запазена, затоа предложувам оваа точка да биде повлечена и да има нов оглас.
Ќе ги охрабрам кандидатите повторно да си конкурираат.
Линк од фб објава:






