Наместо да продаваа демагогии за реформската агенда, Филипче да се огради од фотомонтажите кои осамнаа денес по социјалните мрежи.
Единствениот успех на Филипче и неговата влада во делот на евроинтеграциите е сликата во авионот и промената на името.
Реформската агенда и те како се почитува, се работи и се спроведува на дело, но Филипче нема увид во тоа бидејќи се занимава со друга политика, а тоа е ширење на омраза, малверзации и невистини.
Наместо Филипче и блиските структури до него, да се занимаваат со проекти, тие се занимаваат со подметнување на пожари и повици за убиство на премиер, министер за внатрешни и директор на јавна безбедност.
Итно Филипче да се огради од овие фотомонтажи, инаку се потврдува тезата дека тој лично стои позади ова.








