Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!
На овој голем ден, го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор, кога на 11 октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово, храбрите македонци го кренаа првиот удар за слобода. Овој херојски чин ја означи одлучноста на нашиот народ да се избори за својата слобода и достоинство.
11 Октомври не е само симбол на востание, туку и на вековната борба на македонскиот народ за слобода, правда и независност. Тоа е денот кога нашиот народ одлучи да го крене гласот против угнетувањето и да го започне патот кон самостојна и суверена Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ, како чувар на националните интереси, е горд наследник на тие идеали и продолжува борбата за силна, горда и непокорена Македонија. Денес, повеќе од кога било, е време да ја браниме нашата татковина од новите предизвици и да го продолжиме патот на нашите предци, со сила, решителност и верба во светла иднина.
Нека 11 Октомври биде потсетник дека македонскиот дух е неуништив, дека нашата земја има иднина и дека секој од нас има одговорност да ја брани и изградува. Македонија ќе победи!
Честит празник!