19.03.2026

Пренџов: Од дијалог до резултат, усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Денес Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја одржа амандманската расправа по Предлог – законот за јавно обвинителство, закон од особено значење за унапредување на владеењето на правото и зајакнување на институционалната доверба.

Во духот на конструктивен дијалог и демократска зрелост, беа прифатени 14 амандмани од сите пратенички групи кои поднесоа предлози за подобрување на текстот на законот. Овој пристап потврдува дека клучните реформски процеси можат и треба да се водат низ инклузивност, со почитување на различните ставови и со заедничка одговорност кон јавниот интерес.

Како претседател на Комисијата за политички систем, особено ми претставува чест што процесот се одвиваше транспарентно и отворено, со вклучена јавна расправа и со активно учество на сите релевантни чинители.

Врз основа на ваквиот сеопфатен и инклузивен пристап, Комисијата му предлага на пленумот Закон за јавно обвинителство, како резултат на темелна дебата и заедничка посветеност кон јакнење на правната држава.

Остануваме посветени на градење институции што функционираат во интерес на граѓаните – преку дијалог, транспарентност и одговорност.

https://www.facebook.com/share/p/1MwzV7QxKh/?mibextid=wwXIfr