Видовме како антимакедонската СДС се бори, продаваат ефтина струја на трговци кои потоа истите ја препродаваат скапо и печалат милиони.
Месец ипол ЕЛЕМ продава струја на пар трговци по цена двојно пониска од берзанска, за потоа истите тие трговци да ја препродат скапо со 60% маржа.
ЕЛЕМ овозможиле скоро 1 милион евра профит на странски трговци, наместо таа струја сами да ја продадат по берзански цени или да ја дадат поефтино на стопанството кое мака мачи со скапата цена на струјата.
Заради неспособноста и криминалот на антимакедонската СДС народот плаќа и 50% поскапа струја, а дуото Ковачевски се закани со ново покачување од Нова Година. А во истовреме фирмите плаќаат струја и до 800 евра за мегават час.
Грижата на антимакедонската СДС резултираше со осиромашени граѓани и банкротирани фирми. Ако тоа е грижата, подобро не се грижете. Напуштете ги позициите и ајде на предвремени избори. Народот заслужува влада која знае како да работи за негово добро.