24.05.2023

Љутков: Се гордееме со нашите просветители, но денес стануваме слепи при очи каде образованието и науката се фрлени на буништето на потпросечноста

„Ние Македонците многу се гордееме со нашата славна историја. Горди сме на Александар Македонски и неговиот космополитизам затоа што од него почнало мешањето на цивилизациите и културите. Горди сме на Аристотел затоа што неговата филозофија денес е темел на модерната западна цивилизација. Гори сме што Св. „Павле“ токму од Македонија ја започнал својата мисионерска дејност, па ја проширил христовата вера низ Европа“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков на денешното одбележување на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј „Милениумско дело и завет“

Тој истакна дека многу сме горди, и запраша каде е одговорноста?

Љутков додаде дека горди сме на нашата славна антика ама не само што не знаеме да ги раскажеме нашите приказни туку сме на пат археологијата и културното наследство да ни стане мртва приказна.

„Гори сме на Св. „Кирил и Методиј“ заштитниците на Европа оти тие со својата просветителска дејност не само што описменија 1/3 од европскиот континент туку сеејќи го семето за ука и наука додека светот живееше во мрачниот среден век тие беа столбот на македонската ренесанса. Исто така горди сме на нивните наследници Св. „Климент и Наум Охридски“ во чие време и под чие раце се роди првиот универзитет, но и многу лечилишта не само за душата, туку и за делото“, изјави Љутков.

Љутков посочи дека тука кај нас никнал првиот универзитет.

„Кај нас никнал првиот универзитет ама ги откорнавме образованието и науката и ги фрливме на буништето на подпросечноста. Се гордееме со нашите просветители ама денес стануваме слепи при очи. Се гордееме со нашите славни борци илинденците и партизанците ама ги распродадовме сите национални интереси“, рече Љутков.