Нови 480 договорци вработила Владата на СДС во ЈП Македонски шуми за зголемување на продуктивноста со цел зголемување на сечата на огревно дрво, но резултатот е еднаков на нула.
ЈП Македонски шуми и покрај новите вработувања кои би требало да ја зголемат продуктивноста а за кои во период од 10 месеци претпријатието ќе потроши речиси 2 милиони евра, нема ниту 20 проценти реализација на исечено огревно дрво.
Згора на тоа, додека 50 проценти од домаќинства огревното дрво го користат како главен енергенс, ЈП Македонски шуми не само што нема доволно количина за задоволување на потребите на домаќинствата, туку ги препраќа граѓаните да се снабдат кај приватните стоваришта каде што еден кубик огревно дрво се продава дури и за 5300 денари.
Истиот проблем е и со продажбата на пелети, односно ако минатата година еден тон пелети се продаваа за 12.000 дрнари, оваа година еден тон се продава дури и за 37.000 денари.
Власта прави криминал и со овој енергенс, односно дава лиценци за сеча на опожарени дрвја по цена 10 пати пониска од ЈП Македонски шуми а фирми блиски до Љупчо Николовски кои подоцна го преработуваат во пелети и инкасираат милионски добивки.
Само за споредба во време на владеење на владата на ВМРО-ДПМНЕ реализацијата на годишната сеча се движела до 90 проценти, а само околу 10 проценти од потребите биле задоволувани од страна на приватните стоваришта. За разлика од сега, кога СДС е на власт реализацијата на сеча на огревно дрво е за дури 4 пати помала, а цената е 3 пати повисока. Криминалот кој го прави власта на СДС го опустоши јавното претпријатие Македонски шуми.
Затоа е потребна одговорност.