12.11.2023

Јорданов: СДС соочени со рекордно нискиот рејтинг ја замајуваат јавноста со манипулативни прес конференции со надеж дека ќе го ублажат поразот

Очигледно е дека СДС соочени со рекордно нискиот рејтинг, кој го имаат, упорно се обидуваат да ја замајуваат јавноста, со надеж дека ќе го ублажат поразот што и претстои.

Надлежните институциите ги управуваат тие, наместо манипулирање преку прес конференции, согласно Законот за јавни набавки, лесно можат да проверат, како е водена постапката и дали има нешто незаконито.

Но бидејќи се со кратка меморија, ги потсетуваме притоа да не заборават дека, додека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски беше градоначалник на Општина Штип, неговата семејна фирма „Пелагонија“, добиваше набавки и склучуваше договори за работа во општината и јавните претпријатија.