04.10.2022

Јаневска: Покачувањето на платите со кое се фали СДС не е доволно ниту за еден кубик дрва, во време на ВМРО-ДПМНЕ платите се покачија 117%

Прес конференцијата на Даниела Колева е крајно потценувачка за наставниците и безочна лага, или тотално незнаење.Во однос на покачувањето на платите на наставниците Колева вели дека во период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 11 години платите на наставниците биле зголемени само за 4%.

Невидена ЛАГА затоа што во тој период платите на натавниците беа зголемени најголемата за 67%, а најмалата за 117%. Најновото покачување на платите кое го направи СДСМ-ДУИ изнесува просечно 3000 денари. Ја информирам Колева дека ова не е доволно ни за еден кубик дрва, ниту за плаќање на парно и струја, а да не зборувам за нега на мало дете во семејството на настваникот.

Во однос на подобрување на условите за работа Колева вели дека до сега се реконструирани или изградени 80 училишта. Ја потсетувам и неа и Владата на СДСМ-ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ изгради 74 училишта и реконструираше 400. За воља на вистината, во време на Мила Царовска се направија помали реконструкции, како што се реконструкции на тоалети во училиштата, кои според нејзина изјава за 2-3 години се распаднаа “заради неодржување“. Сега најучтиво ја молам Колева да приложи список на новоизградени училишта и да не просветли, затоа што освен “Киро Глигоров“ кое е проект на ВМРО-ДПМНЕ за друго во Скопје не знаеме, а исто така освен доградби и за во внатрешноста не сме чуле.

Конечно за промената на тарифата на струјата. Ако Колева имаше било какви сознанија од образованието ќе знаеше дека промената на тарифата Владата ја направи под силен притисок На ВМРО-ДПМНЕ.

И’препорачувам да ги погледне моите постови и медиумски изјави, планот за решевање на енергетската криза на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски и бројните изјави на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.Не ја гледам смислата на ваков прес. Кому му е наменет? Наставниците не се малоумни, населението не е слепо и глуво.

#НаЛагатаИСеКраткиНозете#ПропагандатаВиЕСмешна#ИЗБОРИСеСпас

https://www.facebook.com/profvesnajanevska/posts/pfbid02uaPZRjZf3d1QpFFai5Ha6c5sSa7PNmobfv3eJWXXiYQeed7XnwGNmN6vBfJ2BiY8l