Одлуката за собирање на 150.000 потписи за распишување на референдум кој ќе значи КРАЈ на наметнатата бугаризација од страна на соседите во соработка со домашните властодршци, истовремено значи и последен спас за Македонија.
Понатаму, раскинувањето на овој непринципиелен договор ќе значи раскинување на барањата за промената на учебниците, спорење на јазикот, историјата и културата итн. Затоа, ова е од исклучителна важност за Македонија, потребно е да бидеме мудри и овојпат да застанеме сите заедно.
Како личност пред сѐ, кој секогаш се противел на насила наметнатите одлуки од надвор и секогаш бил рамо до рамо со својот народ да каже НЕ, чувствувам обврска да ги повикам сите мои истомисленици, мои браќа и сестри, сите оние на кои Македонија им пред и над сѐ, да застанеме зад оваа иницијатива и да ја спречиме асимилацијата на Македонија и Македонците.
Ова, почитувани, не е спас за ВМРО-ДПМНЕ, не е ниту спас за нечии кариери туку единствено е за Македонија.
Повикувам на масовност бидејќи навистина е доста ова што ни го прават.
Ние имаме гордост, ние имаме чест и знам дека ќе успееме бидејќи сме горди Македонци!
Да живее Македонија!
Линк од ФБ статус