17.11.2022

Ѓорчев со обраќање на конференцијата на фондацијата “Конрад Аденауер”

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествуваше на конференцијата на фондацијата “Конрад Аденауер” во Комо (Италија) посветена на европските вредности и актуелните состојби во Европа.

Во своите дискусии Ѓорчев се осврна на вкупните состојби во Македонија, катастрофалната економија, корупцијата, заробените институции и назадувањето на државата.  

Ѓорчев беше панелист на темата за традиционалните медиуми, социјалните мрежи и современите трендови во информирањето на граѓаните.  

На конференцијата имаше учесници од 20 европски земји, првенствено од нивните парламенти, водечките институти, ЕПП партиите итн.