29.11.2022

Ѓорчев од Молдавија: Сите се развиваат, само Македонија оди назад

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев претстојуваше во Молдавија како предавач на конференциите на ПАС – ЕПП партијата. 

Во својата рекапитулација на посетата на Молдавија Ѓорчев истакна:

„Молдавија силно се развива. Не им е лесно, ги чувствуваат последиците на војната во Украина, но земјата оди напред”. 

Ѓорчев додаде:

„Македонија стагнира и секој ден е се’ полошо. Изминативе 5 години со владите на Заев и Ковачевски, Македонија ја поминаа Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина…  Земјите кои беа позади нас, сега се многу подобри од нас”. 

Ѓорчев резимираше:

„Македонија мора да застане на нозе и да оди напред. Затоа ни се потребни промените”. 

Конференциите на ПАС – ЕПП се одржуваат во соработка со фондацијата Јарл Хјармалсон, блиска до владејачката Модератерна партија од Шведска.