05.02.2024

Ѓорчев на Молитвениот појадок во Вашингтон

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев  присуствуваше на Молитвениот појадок во Вашингтон.  

На настанот свое обраќање имаше претседателот на САД Џо Бајден, кој повика на поголемо заедништво и соработка.  

Молитвениот појадок се одржува по 71-ви пат во Вашингтон и секогаш се обраќа претседателот на САД, а учествуваат бројни сенатори, конгресмени и бројни меѓународни гости.