17.03.2023

Ѓорчев во Стразбур се сретна со претседателката на Европскиот Парламент Роберта Метсола

За време на својата посета во Стразбур членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев имаше повеќе средби. 

Ѓорчев се сретна со претседателката на Европскиот Парламент Роберта Метсола, која доаѓа од редовите на Европската Народна Партија (ЕПП). 

Исто така, Ѓорчев се сретна со Миријам Лексман, пратеничка во Европскиот Парламент, која што беше домаќин на изложбата по повод 35 години од движењето за слобода и демократија во Словачка. 

Претходно Ѓорчев имаше обраќање на тркалезна маса на ЕПП пратениците за демографијата и стареењето. 

Ѓорчев истакна дека се работи за успешна посета и дека Македонија мора да биде присутна во Европскиот Парламент, градејќи пријателство и партнерство.