17.11.2022

Шопова: Градоначалничке, дозволете барем на веб страницата на Градот Скопје да стои и Комисијата за унапредување на правата на пациентите која не функционираше од 2020 година

Денес како советник на Град Скопје во 13 часот имавме седница на Комисијата за унапредување на правата на пациентите!

На влезот бев замолена да се легетимирам со лична карта, и ми беше   пополнета пријавница бр.2 од обезбедувањето, истата предадена, а потоа пополнета од одговорно лице дека причината за која сум влегла во просториите на Градот е Седницата и тоа трета ,  (со онаа конститутивната од 21.09.2022 год. ) на оваа комисија , со време на влез во 13ч и 1 мин.

Замислете наместо да се промовира Комисијата за унапредување на правата на пациентите, за да знаат граѓаните кои имаат проблем кој е во доменот на оваа комисија,   каде да се обратат, БАРАЊЕТО за промоција чека на одобрување во кабинетот на Градоначалничката..како што стојат и други барања, еве на пример Барањето за одобрување на основни проекти за пристапност на инвалидизирани лица, за кое барање, лично јас во 2 наврати  по меил сум побарала да добијам одговор, НО ОДГОВОР нема .

Ако менаџерот на Град Скопје, кој во својата програма нема ваков проект  а сепак  сака да не легетимира, а при тоа да не  ги троши парите на граѓаните на  хартија, тонери, принтери,  и се она што го поставува на влезот во просториите на градот, тоа се прави на културен и многу поефтин, едноставен начин: беџови за советници, беџови за посетители…

Па нели ние Скопјани гласавме за Модерно Скопје, за Вашите 5 принципи на работа:

#Отвореност

#Професионалност

#Емпатија

#Одговорност

#Брзирешенија

…ние ништо од тоа досега не видовме, освен лажни обвинувања, политички маркетинг на самата себеси , едно ЌЕ, кое доста долго го слушаме од владеачката гарнитурa.

Градоначалничке, дозволете барем на веб страницата на Градот Скопје да стои и КОМИСИЈАТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ која не функционираше од 2020 година.

https://www.facebook.com/zaklina.sopova/posts/pfbid02hya5Cjk247tQsnBG9D1GFCBs49oCBdeWW11epAxgJsi8e7n1WeojcrdjYhjAySqSl