Почитувани,
На површина излезе полутајната коалиција која од денес станува јавна помеѓу СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје.
Сите амандмани на СДС во рамките на буџетската расправа или во согласност со Арсовска беа прифатени, или беа повлечени од СДС.
Евидентна е усогласеноста и партнерството помеѓу СДС, Левица и ДУИ, додека ниту еден амандман не беше прифатен од страна на градот Скопје и новата коалиција кој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.
Арсовска не прифати проекти кои самата ги вети од програмата “За модерно Скопје”. Односно Арсовска против Арсовска, на штета на скопјани.
Се отфрли инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, градба на улици, булевари. Инвестиции во спортот, градба на нови паркови, додека Арсовска не намали од програмата за промоција и гол пиар на градоначалничката.
Граѓаните треба да знаат дека има нова коалиција во Скопје. Честито коалиција на хаосот.