09.04.2023

Честитка по повод празникот католички Велигден

Ми претставува особено задоволство, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник – Велигден и да им посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом.

Љубовта и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици.

Нека овој најсветол празник ни биде потсетување како да бидеме исправни пред себе и пред својот БОГ, да бидеме чесни, да се сакаме, да простуваме и да создаваме убави и позитивни дела.

Токму овие вредности ќе ни помогнат во градењето на стабилна и просперитетна држава, и да ги надминеме сите предизвици пред кои изминатиот период сме исправени.

За Македонија која има иднина потребно е сите заедно да се обединиме и да го сочуваме идентитетот и да не потклекнеме на нереалните барања кои што се поставуваат. Свесни за своето, обединети едни со други можеме да се избориме за промени какви се потребни и за иднина каква секој еден човек заслужува. Само така ќе успееме да го сочуваме достоинството на Република Македонија и нас самите.

Само заедно и сложно може да ги победиме сите предизвици.

Нека е за многу години големиот празник!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!