Целосен хаос во судството во Македонија.
Еден ден се разрешува, друг ден се поништува таа одлука на разрешување.
Последниот пример кој Управниот суд го донесе решението за поништување на одлуката за разрешување на Весна Дамева од позицијата претседател на Судскиот совет е само уште ден доказ за катастрфата која се случува во судството.
Судскиот совет, тело кое треба да одлучува и суди за работата на судиите во Македонија, прерасна во циркус во кои главни улоги ги толкуваат нарачателите и стопаните од ДУИ и СДС.
Да имаат грам достоинство членовите на судскиот совет уште вчера ќе си поднесеа оставка. Впрочем работата на правосудните органи, вклучително и Советот беа критикувани и во најлошиот извештај од ЕК.
Токму затоа, поради овој хаос во судството и обвинителството народот има 1% доверба во судството.
7 години на ДУИ и СДС без реформи во судскиот и обвинителскиот систем. За ова јавно критикуваа и од меѓународниот фактор.
Единствените реформи на власта на ДУИ и СДС во судството се заканите и уцените кон судиите, разрешувања и прераспределби на неподобни судии и нивна казна.
Со ДУИ и СДС, граѓаните не можат да очекуваат независен правосуден систем во државата.
Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме.