30.04.2023

Целосен колапс во енергетската криза, за СДС успех е што македонските домаќинства плаќаат најскапа цена струја во регионот

За СДС успех е што Македонија плаќа највисока цена на струја за домаќинствата од сите земји од регионот.

Додека СДС носат розови очила и само тие гледаат успех, фактите говорат дека Косово, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија имаат пониска цена на струјата за  домаќинствата.

Воедно  Македонија има највисок раст на цена на електрична енергија од сите земји не само во регионот туку и во Европа во  фирмите и останатите не-домаќинства потрошувачи (со потрошувачка од 500MWh -2000MWh),  и тоа за 327% или за 4,3 пати.

Да имаше успешни мерки немаше македонските фирми и останати потрошувачи (не-домаќинства) да плаќаат четврта по ред  најскапа струја во Европа.

Дека СДС ниту донесоа ефикасни мерки ниту пак имаат успех во справување со енергетската криза покажува и тоа дека Македонија има највисок раст на цената на струјата за домаќинствата од почетокот на енергетската криза од сите земји во регионот. Словенија, Хрватска,  Бугарија, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора имаат понизок раст на цената на струјата за домаќинствата од започнување на енергетската криза.

Реалноста е дека ниту донесоа навремени мерки за справување со кризата, а податоците покажуваат катастрофа и тотален колапс.