31.10.2022

Функционери од СДС кријат имот од 30 милиони евра, Ковачевски не ги разрешува и го институционализира криминалот

Функционери од СДС кријат имот од 30 милиони евра, Ковачевски не ги разрешува и го институционализира криминалот.

Наместо експресно разрешување од функциите на над 120 функционери кои го кријат својот имот, и не го доставиле на увид на јавноста, Ковачевски се фрли во нивна заштита и ја префрла топката со ДКСК.

Претседателката на ДКСК од друга страна ја обвинува владата дека не и доставува список на именувани функционери за проверка.

Институциите немаат намера да ги санкционираат функционерите кои криеле имот, туку си ја префрлаат топката и ги штитат.

Аферата Тајни имоти покажува и колку е трул системот, и како институциите се користат за прикривање на незаконитостите на функционерите од власта.

Доколку Ковачевски е со демократско убедување веднаш ќе ги разрешеше функционерите кои кријат имот.

Доколку ДКСК ги почитува законите, и не ги дели граѓаните на функционери и тие кои не се, ќе поднесеше кривична пријава против премиерот за неизвршување на неговата задача за известување на Антикорупциска за ново именувани функционери.

Самиот факт што нема правни последици говори дека се работи за системско криење. Но и ДКСК и Владата треба да знаат дека одговорност ќе има.

Со почит,