Функционери на СДС кријат имот, а за тоа постојат и докази. Со месеци и години не го пријавиле својот имот во ДКСК.
Алберт Муслиу, Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски и Новица Печински, сите кадар на СДС немаат поднесено анкетни листови за функциите кои ги извршуваат.
Овие 4 функционери се дел од 123 функционери на власта кои кријат имот вреден 30 милиони евра.
Муслиу, Јевтиќ и Печински воопшто не доставиле анкетни листови, а дел се на функции и по 5 години. ДКСК и институциите молчат.
Груевски, нема ажурирано анкетен лист, иако на позицијата директор на ЈП Македонски шуми е повеќе од 6 месеци.
Ова не се системски пропусти, ова е системско криење. Во прилог доставуваме и фото докази од страницата на ДКСК, од која се гледа како се кријат имоти.
Со почит,