29.12.2022

(ФОТО) Цената на струјата се зголемува, евтината тарифа повеќе од двојно, а високата за 20 проценти

ПОВТОРНО ЛАГИ И САМО ЛАГИ
После лагата дека Владата го зголемила домашното производство на струјата за 26 % споредено со лани, новата лага на СДСМ е дека цената на струјата за граѓаните се намалува.

Додека СДСМ упорно се труди да го прикрие секој свој неуспех кажувајќи лаги, ВМРО ДПМНЕ постојано прикажува егзактни бројки.
Имено, на слика 1 и 2 се дадени официјалните вредности за цените на електричната енергија за домаќинствата од одлуката на РКЕ која е на сила од 1.7.2022 година, споредено со новите цени кои треба да важат од 1.1.2023 година.
Од слика 1, за категорија на потрошувачи домаќинства јасно се гледа дека има зголемување на цените на електричната енергија во сите четири блока од скапата струја. Тоа значи дека во кој блок и да сте, секако од 1.1.2023 имате зголемена цена на струјата во висока тарифа.
Посебно е страшно што СДСМ го премолчува најважното, а тоа е дека цената на струјата во т.н. ефтина тарифа расте повеќе од дупло. Ова е дадено на Слика 2, каде јасно се гледа дека цената на електричната енергија во ниската тарифа се зголемува од 0,6193 Ден/kWh на 1,3181 Ден/kWh. За жал, тоа е најсиромашната категорија на граѓани, кои најмногу штедат, па чекат да дојде 22 часот навечер или недела цел ден, за да користат ефтина струја. Истите тие сега за струјата во ефтина тарифа од 1ви јануари ќе плаќаат дупло повисока цена.

Згора на се, ако на ова се додаде зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 %, тогаш навистина не се јасни изјавите на ПР тимот од кујната на СДС за намалување на цените на струјата за домаќинствата.

Затоа прашуваме: КАКО СДСМ го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ?Останува да се почека почетокот на февруари кога ќе стигнат првите сметки на домаќинствата и да се распадне лагата на СДСМ како меур од сапуница.

Токму со првите сметки за струја во февруари 2023 година македонските граѓани ќе почувствуаат колку биле прелажани.

https://www.facebook.com/100069204460227/posts/pfbid0zF4Xejyir7mZES4SqdU7fC4cprSCCVh3DB98eofFs9Dg21pvS5eajWqUndBmMLFQl/?mibextid=cr9u03