Два дена Владата молчи на новите сознанија поврзани со спорниот договор за автопатите кои ги изнесов во јавност, а се однесуваат на: – Ангажман на дури 70% странски работници и само 30% домашни во изградбата – Работа на странци без работни дозволи и дозволи за престој Затоа денес објавувам 2 документи кои според свиркачите кои ни ги доставија се дел од спорниот договор за изградба на автопатите. Се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни. Како што можете да видите на првиот документ/графикон со црвена боја се странските работници! Огромна бројка, огромни средства ќе се одлеат надвор во услови на немаштија. Од вкупниот број работници САМО 30 отсто ќе бидат домашни, а ДУРИ 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци! Притоа Ковачевски и Груби лажат дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници иако јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци. Во вториот документ има два сегменти – точна бројка на странски и домашни работници кои ќе бидат ангажирани по години, како и уривањето на правната држава преку одобрението странци да работат без регулиран престој и почитување на законите. За странец да работи потребно е дозвола за престој и работна виза, само за работниците на автопатиштата на „ Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви безбедносни проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите. Да цитирам дел од договорот: Согласно на Посебниот закон член 13 (1), на странските работници вработени во Проектот ќе им биде дозволено да започнат со работа на Проектот по аплицирање запотребните дозволи за престој и работа пред и додека се чека, постапката за издавање на дозволи за престој и работни дозволи да биде одобрена или одбиена. Појасно кршење на закони од ова нема! Повелете докази: