07.10.2022

Фирма од соларниот картел на Ковачевски добила 2 милиони евра од ЕВН кај што државата има удел, во време кога Ковачевски е заменик министер за финансии

Нов ден нова потврда за соларниот картел кој го создал дезертерот Ковачевски. Аферата Броило, тешка 26 милиони евра ја покажа шемата за профитирање во време на криза.
Броилото завртело меѓу другите милиони и 2 милиони евра од договорот со ЕВН каде што државата има свој удел. Имено  фирмата на кумот на Ковачевски, КМГ ЕОЛ Квазар, склучува договор со ЕВН на 03.02.2021 година, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии. Овој договор е се уште на сила, односно е на сила и кога Ковачевски е премиер.
Како баш фирмата на кумот на Ковачевски, во време кога Ковачевски е заменик министер, склучува договор со компанија во која државата има удел, од цели 2 милиони евра?
Ако ова за надлежните институции не е доволно да испитаат трговијата на влијание и како е направен изборот, тогаш нема друг поеклатантен пример.
Да биде скандалот поголем фирмата на кумот на Ковачевски КМГ ЕОЛ Квазар не е производител на панелите, туку само ги монтира истите, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, Пиксел груп. Врти сучи- парите се движат околу фирми кои директно или индиректно се поврзани со Ковачевски.
Ковачевски е оската околу кој се врти соларниот картел кој свртел 26 милиони евра. После аферата Броило, дезертерот Ковачевски ако имаше грам доблест не треба да чека ни миг, туку веќе требаше да ја има потпишано својата оставка.