12.02.2025

Филипче нема инвентивни и иновативни политики ниту пак стратегија за развој на државата, тој е бледа копија на Заев

Венко Филипче на кого идол му е Заев ќе продолжел со како што и тој самиот вели добрите политики и практики. А тоа значи дека и тој би ги уништувал спомениците на борците од НОБ, партизаните, исто како Заев што тврдеше во интервју за една бугарска телевизија.

За Филипче добри политики се изборот на судии и обвинители во Струмица и Зајас, заради што граѓаните немаат доверба во судството и е на ниво на доверба од 2 проценти.

За Филипче добри политики се местењето тендери во четири очи, распространување на корупцијата и криминалот како главна активност на СДС за што доказ е и извештајот на Транспаренси.

За Филипче добри политики се и тендерите во РЕК Битола, криминалот во ТЕЦ Неготино и уништувањето на енергетскиот сектор во државата.

За Филипче добри политики се тие на Заев, кои наместо развој и инвестиции во енергетскиот сектор во земјата, тие инвестираа во фирмите на нивните браќа и сопругата на Ковачевски кој доби државно земјиште за фотоволтаици од неговата влада.

За Филипче добри политики се тие кои за време на владеење на СДС над пола милион граѓани беа на прагот на сиромаштија и кои денот го поминуваа со по 150 денари на ден.

За Филипче добри политики се и тие кои додека тој беше министер за здравство во владата на Заев го уништи здравствениот сектор и му се случи трагедијата со модуларната болница во Тетово додека тој профитираше од набавките на ковид вакцините.

Филипче нема инвентивни и иновативни политики, ниту пак стратегија и визија за развој на државата.

Филипче е само бледа копија на Заев каде главниот фокус е на лукративни цели и бенефиции наместо интересот на граѓаните.