02.07.2024

Филипче е чувар на фотелјата на Заев, и самите членови и функционери на СДС не го признаваат

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и во самиот СДС.

И членовите и функционерите на партијата кажуваат дека СДС е заробена партија, дека изборите за претседател биле компромитирани и не биле демократски, со бројни забелешки и злоупотреби.

Самите членови и функционери на СДС кажуваат дека фантоми биле на избирачкиот список, дека на членови не им било дозволувано да гласат, за на крајот Филипче да биде избран со 9.000 гласови од 80.000 членови.

Филипче и Заев треба да знаат дека ниту една лидерска позиција нема да ги спаси од одговорност за злоупотребите кои се случија во нивниот мандат. 

Јавноста уште ги памети скандалот со набавката на вакцини, крвавиот тендер, обидите да се приватизира јавното здравство и на крајот катастрофата со модуларната болница

Овие скандали кои чинеа не само милиони евра, туку и човечки животи се резултат на двоецот Заев – Филипче, кој сега покажа дека ја имаат киднапирано партијата за да биде нивна маша.

Жалиме што СДС пропушти шанса да се справи со криминалците во своите редови, но казната порано или подоцна ќе ги стигне, како што беа казнети од страна на граѓаните на последните избори.