Фала им на СДС што секој ден ја потврдуваат Тачела коалицијата.
СДС во континуитет ги шири лагите на Арсовска. Не би не зачудило повторно да трошат народни пари за билборди и спотови. Денешната прес конференција на СДС е уште една потврда на Тачела коалицијата, чија стратегија е секогаш кога СДС и Ковачевски се фатени во скандал да шират лаги и манипулации.
Им порачуваме џабе да не трошат пари за лагите на Арсовска и џабе да не се надеваат дека така ќе дефлкусираат од криминалот и коруцијата, но и хаосот во Скопје кои заедно со Арсовска го создаваат.
Ако заканите беа вистина тогаш Арсовска ќе ги пријавеше, а МВР и правосудството кои се прврзок на СДС ќе ги процесуираа.