25.08.2023

Учениците уште учебна година ќе ја зпочнат без учебници, затоа избори час поскоро за да се стави крај на ненародните политики на Владата на СДС и ДУИ

Уште една година од Владата на СДС и ДУИ и уште една година учениците без учебници на стартот на учебната година.

Законот за основно образование вели дека учениците на први септември треба да имаат бесплатни учебници, но за Владата на СДС и ДУИ правните норми не значат ништо.

И Комисијата за заштита од дискримнација вели дека учениците ќе бидат дискриминирани. Но, тоа нема да биде ништо ново за овој период од владеење на СДС и ДУИ.

Дополнително Решението за донесување на Насоки за планирање, организација и реализација на наставата од прво до шесто одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година говори за целосна импровизација во наставата во основното образование.

Откако измислија интегрирани предмети, природни и општествени и сега откако видоа дека Концепцијата е неспроведлива на што ВМРО-ДПМНЕ неколку години укажува воведуваат тн. модули, измислуваат други работи. Или на пример во историја и општество има модули историја, географија и граѓанско образование. И така наставникот по историја во второ полугодие нема да предава историја, туку изборни предмети според потребите на децата, на пример за етика на религиите, заштита на животната средина, фотографија, готвење, родова еднаквост, финансиска писменост и слично или ќе работи тоа што ќе му одреди директорот, можеби да води архива, да контролира хигиеничари или слично. Ова е скандалозно!

Владата е одговорна за целосно руинираниот образовен процес. Владата е одговорна за булингот кој надлежните го вршат над наставниците и учениците со усвојување на необјасниви документи.

На ваквото постапување на Владата мора да се стави крај! Тоа ќе го сторат граѓаните на следните избори кои треба да се одржат час поскоро!