26.07.2023

Уставните измени под бугарски диктат нема да се случат- останува само на избори народот суверено да одлучи за иднината

Мартин Костовски, како и цел СДС и Ковачевски треба да знаат дека уставни измени под диктат на Бугарија нема да има. Тоа го говорат над 80% од граѓаните во Македонија, а од нив излегува и суверенитетот на Македонија.
Народот виде дека СДС од европски вредности има врска само кога се работи за злоупотреба на европски фондови и крадење на евра.

Знаеме дека СДС се нервозни бидејќи им се распука како меур од сапуница пропагандата која ја водеа и целата македонска јавност виде дека мнозинство за уставни измени под бугарски диктат немаат.

Доколку беа барем малку разумни немаше да водат инает со народот и со опозицијата и консензусот во Македонија ќе го бараа пред да почнат да даваат концесии на сметка на националниот идентитет.

Сега единствено решение е да го стават побрзо предлогот на пленарна седница, да се оконча нивната нерационална и штетна политика, а потоа да се оди на избори.

Суверенитетот е кај народот и тој на избори најдобро ќе одлучи за својата иднина и за идните чекори на македонската дипломатија.