11.08.2022

Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните.
За месец јули измерената инфлација во Македонија е 16%. Четврта највисока годишна инфлација во Европа е успехот на оваа криминална власт предводена од Димитар Ковачевски.
Наместо мерки за справување со кризата за бизнисите во државата, СДСМ и ДУИ воведуваат нови даноци. Наместо помош за граѓаните и ранливите категории за справување со кризите во Македонија, криминалците од СДСМ и ДУИ секој ги пљачкаат граѓните со повисоките акцизи и даноци.
Македонија веќе одамна го проби плафонот со долгот на државата од над 60%.
Додека граѓаните не знаат како да го преживеат месецот, криминалците од СДСМ и ДУИ крадат преку наместени тендери, сомнителни зделки и криминал во секоја институција предводена од оваа неспособна власт.
Од осамостојувањето на државата, оваа година имаме највисока стапка на инфлација  и најдлабока рецесија во историјата на Македонија.
За пример, како граѓаните на свој грб ја чувстуваат инфлацијата од 16%, говори фактот што претходно за одредени продукти купени за 840 денари, денес граѓаните за истите продукти ќе платат 1000 денари. Граѓаните изгубиле 160 денари.
Но според експертите инфлацијата во Македонија, мерена врз основа на основните прехрабени продукти е многу поголема во државата.
Единствен излез од оваа криза е пораз и заминување на оваа неспособна власт. За тоа се потребни брзи предвремени избори и декласирање од страна на граѓаните на оваа најнеспособна и најнеуспешна власт предводена од СДСМ.