Секоја сезона СДС со истите лажни ветувања и големи планови за земјоделството. Вистината е дека со оваа власт на ДУИ и СДС земјоделството го има се помалку во Македонија. Нека излезат слободно од своите канцеларии меѓу земјоделците и ќе се уверат.
Субвенциите се уште не се исплатени, а земјодеците едвај врзуваат крај со крај.
Жетвата е во тек, а цената на јачменот е мизерни 9 денари, што не може да ги покрие ни реалните трошоци на производителите, а не пак да зборуваме за достоинствен живот на нивните семејства. И покрај вака ниските цени истите едвај наоѓаат откуп. Слична ситуација ќе се преслика и со пченицата.
Тоа што нема нови инвестиции во водостопанството, веќе и не е вест. Но катастрофата да биде поголема во моментов над 5000 хектари земјоделско земјиште во општините Росоман и Градско е без наводнување, затоа што власта на ДУИ и СДС не се способни да санираат дефектот.
Погубните политики на власта ја направиа Македонија комплетно увозно зависна на храна .
Ова се резултатите на ужасната земјоделска политика на СДС и ДУИ. Нивните големи зборови веќе 7 години се само обично мртво слово на хартија. Колку побрзо оваа власт си замине, толку подобро и за земјоделците и за земјоделството.
Линк од ФБ објава на Цветан Трипуновски, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство: