27.08.2022

Трипуновски: СДСМ со прес конференции и празни зборови не ги прави земјоделците ниту побогати, ниту пак ќе успеат да ги излажат и изманипулираат лозарите

Што друго може да се очекува од СДСМ, освен гол популизам.

Држејќи прес конференции од страна на СДСМ и расфрлајќи се со празни зборови, не ги прави земјоделците ниту побогати, ниту пак ќе успеат да ги излажат и изманипулираат лозарите.

Фактите друго говорат, па да одиме по ред.

Прво, Љупчо Николовски сам си договараше цена со винариите, без да го слушне гласот на лозарите. На состанокот освен партиски послушници блиски до власта кои се претставуваат како претставници на лозарите и неколку сопственици на винарии немаше друг.

Второ, откако реагирав и побарав од власта дополнителни 2 денари за предаден килограм грозје, а во спротивно ќе им се случат протести на кои јас ќе бидам во прв ред, Ковачевски и Николовски исплашени го прифатија барањето, за сега истото да го прикажуваат како сопствена заслуга или како наводно се грижат за земјоделците од Тиквешијата.

Но, нејсе. Ако не знаат како еве јас ќе им нудам мерки во интерес на земјоделците, нека ги прифаќаат и истите нека ги прикажуваат како сопствена заслуга, само да им обезбедиме на земјоделците пристоен и достоинствен живот.

Но, не е така, лозарите се свесни дека власта не води никаква грижа за нив, и не работи во нивен интерес.

Имено, да се грижеа толку многу како што претставуваат, немаше да има протести секој ден од страна на земјоделците кои се незадоволни и револтирани од негрижата и неспособноста на Николовски и владата.

СДСМ ги потценува лозарите мислејќи дека тие имаат кратко помнење, па еве јас ги потсетува субвенциите ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ и истите редовно се исплаќаа, и тие се обврска на секоја наредна влада.

Земјоделецот во изминатите 6 години е понижен, а неговиот труд е омаловажен. СДСМ води штетни политики кон земјоделците и тоа многу набрзо ќе се промени.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ, ќе води грижа за секоја една гранка од овој сектор и заедно ќе го вратиме изгубеното достоинство на земјоделците.


https://www.facebook.com/100050513168497/posts/pfbid06AttDbdg2XHLUWAnQKFXRuQweS8TFkXqPAz4JLwCKsns2CYGiCzzwg7L4pdGHZCLl/?d=n