09.07.2023

Трипуновски: Производната цена на пченицата е 19 денари, земјоделците се во загуба, мерките на власта воопшто не им помагаат

СДС продолжува да ги потценува и лаже земјоделците!  На денешната пресконференција на Трајан-мито Димковски повторно во стилот “хартија трпи се ” излезе и без малку срам и доблест ги излажа земјоделците !

Ајде накратко и со аргументи :

Имате неисплатени фантастични 65 милиони евра субвенции за  2019,2020,2021 и 2022 година, а доказ за тоа е и последната измена на програмата за директни плаќања во која стојат 4 милијарди денари заостанати обврски од предходни години!

На прагот од жетвата на пченицата каде млинарите најавуваат откупна цена на пченицата од 10 денари , пред неколку дена излезе научната фела со пресметка дека производната цена на пченицата е 19,06 денари/кг. Што значи дека вашите дополнителни 3 денари/кг ни од далеку нема да ја доближат цената до производната затоа што разликата од одкупна до производна е над 9 ден/ кг. А каде е печалбата за земјоделците?

Во однос на јачменот ветувате дополнителна подршка за предаден јачмен без притоа неземајќи во предвид дека јачменот ќе остане складиран по амбарите затоа што откупот е минимален т.е речиси да го нема!

Да сумираме :

СДС и ДУИ повторно докажаа дека се креатори на проблеми и кризи, НО не и на решениа и прогрес на земјоделците !

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/pfbid02nC7dNJMWNjLdu17eHMNP6MDo1iSR23eYefKFJrVvdTTzgYDMbJ1BELm64ComA51Hl