31.08.2022

Трипуновски: Ковачевски да не се брука, градобијниот системот не функционира, разрешување на директорот на УХМР, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ја завршија цела работа

Ковачевски наместо да се брука со соопштенија за кои им требаше половина ден да ги напишаат, да го разреши директорот на УХМР веднаш зошто не постапил, а ЈО да поведе постапка.
Видовме како функционира градобијниот систем. Скопје буквално го живееше потопот, градот кој паѓаше оштети голем број објекти и возила.

Доколку системот за засејување на облаци функционираше штетите ќе беа намалени, а невремето немаше да причини толку големи штети, како што тоа сега е случај.
Ковачевски може само да им се заблагодари на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои вчера ја завршија и својата, но и неговата работа, за народот да не трпи штети.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/pfbid0wDiFWJZYAZvn55yirxTJzqTwKwGBDb7u7bCgwyzXbSirePY9kZM4XYiVKdZq44eMl