24.01.2023

Трипуновски: Заради неспособност на СДС касни повикот за ИПАРД 3 средствата

Нема крај на празните прес конференции на СДС за нивниот “успех” со распределбата на европските средства!

Се фалите со нешто што ВМРО-ДПМНЕ го има воспоставено како што е формирање на платежна агенција ,нејзино екипирање, програми, средства итн.

Имено накратко само со неколку прашања сакам да ги демаскирам лажните фалби на СДС околу ИПАРД средствата:

1.    Кога ќе биде објавен првиот повик за ИПАРД 3? Иако првично требаше истиот да биде објавен почетокот на 2022 година!

2.    Кои се причините што и после една година нема ни најава кога воопшто ќе биде објавата?

3.    Дали причината за доцнењето е немањето капацитет во ИПАРД структурите за да се акредитираат нови мерки?

4.    Зошто со ИПАРД 3 се зголемува прагот на минималната инвестиција, а со тоа и малите земјоделци кои немаат свои средства, а реално имаат најголема потреба од поддршка ќе немаат можност да аплицираат?

И за крај најголемото мерило за вашиот неуспех и за тоа како го уништивте македонското земјоделство говори фактот што селата се испразнија, младите ги избркавте преку граница, а Македонија ја направивте увозно зависна од храна!

На ова ваше расипничко и недомаќинско владеење му се гледа крајот!

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid04Yx5Cu6kmu5TX6xQ9YKyqHrwXGoLcLhEeHRfNhSBegv51fy5qfwY818UYNgWdmmYl&id=100050513168497&mibextid=qC1gEa