Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите.
Состојбата со АД Водостопанство станува неподнослива. Додека над 500 вработени од претпријатието веќе трет месец се без плата и здравствено и пензиско осигурување, сега подружниците на водостопанство Брегалница, Прилепско поле, Тиквеш поради неисплатени долгови се со исклучена струјата.
Срамно.
Но, според информациите кои пристигаат до мене, директорот на АД Водостопанство си ги преместува канцелариите на Водно.
Додека АД Водостопанство се распаѓа, директорот, Николовски и Ковачевски уживаат во комодитетот на функцијата.
Ваквиот начин на работа, на негрижа и неодговорно однесување од страна на функционерите на власта на СДСМ стана пракса.
Доаѓа крајот на ваквото расипничко однесување. Следуваат промени