05.09.2023

Трета година по ред оваа неспособна власт, не може да обезбеди учебници за учениците, граѓаните бараат кривична одговорност

Еден од многутте показатели за неспособноста на власта, во сите сфери на општеството, е и фактот дека веќе трета година по ред учениците нема да имаат учебници.

Министерството за образование и министерот Јетон Шаќири и оваа година, како и последните две, нема да обезбеди учебници за учениците. Нема ниту дигитални учебници, има само ПДФ формат учебници. Дигитални учебници се учебници на кои што детето на таблет или на компјутер, може да работи на истите. Наставникот исто така може да следи дали сработил ученикот, кога сработил итн.

Родителите повторно ќе мораат да трошат пари од својот домашен буџет, за да печатат учебници, како би можеле да учат нивните деца.

Ова е недозволиво и за земји во Африка. Очигледно е дека намерно се урнисува образованието на децата, во Македонија и за ова мора да има кривична одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите надлежни институции да превземат мерки и да се казнат сите одговорни, за оваа катастрофална состојба во образованието.