01.02.2024

Тозиевски: После 15 години Општина Ресен е финансиски одблокирана општина

Почитувани сограѓани,
Денес после период од 15 години за прв пат имаме раздолжена, одблокирана Општина Ресен.
Со стапувањето на функицијата градоначалник, во услови на економска и енергетска криза, со со наследениот долг од околу 40.000.000 денари и блокирана сметка од 2009 година, успеавме без ничија финансиска интервенција и без било какви обврски кон никого, денес да имаме нула денари долг по било каков основ.
Покрај одблокирањето на сметката, успеавме да создадеме и позитива од околу 12 милиони денари, којшто позитивно ќе се одразат врз целокупното работење на локалната самоуправа.
Ова раководство на локална самоуправа, ја превзеде таа одговорност, и конечно го реши долгогодишниот проблем, со одговорно, домаќинско и транспарентно работење.
Сето ова го правиме, без да заостануваме во инфраструктурни проекти, помагање на граѓаните и здруженијата, инвестиции во други сфери – се разбира онолку колку што ни дозволуваа тековните услови и финансиски можности, при што со заштедени средства успеавме да отпочнеме и реализираме неколку нови проекти како и да реализираме  над 80 проекти во изминатиов период.
Нескромно ќе кажам дека сум горд на себе и на тимот кој што работеше со мене на оваа проблематика во изминатиов период од  две години. Сето ова позитивно ќе се одрази врз равотењето на самата општина и на граѓаните на Ресен и Преспа во периодот кој следува.
Продолжуваме со работа и во една насока – Да ја видиме подобра и попросперитетна Општина Ресен и Република Македонија.