Тиранската платформа го дели народот, не го обединува, Ковачевски да каже какви задачи добил од Ахмети.
Ковачевски да каже дали и кои национални отстапки треба да ги направи или се работи за бизнис интереси?
Ковачевски и Ахмети не работат за доброто, ниту на Албанците во Македонија, ниту за Македонците, тие работат само во свој личен интерес со криминал и корупција.
Ковачевски е позитивен за средбата во Тирана зошто таа е на негово барање и за негов спас, затоа и молчеше, а потоа и со задоволство коментираше.
Ковачевски и СДС да кажат кои се задачите кои ги добиле и колку тоа ќе ја чини Македонија?
Ковачевски и СДС работат само за личен интерес, а не за граѓаните, затоа се потребни избори и нова влада која вистински ќе работи за доброто на сите граѓани и државата.