„Денес имавме посета на уште четири села од Долненска општина, тоа беа Локвени, Житоше, Секирци и последното Ропотово. Имав можност денес да се сретнам не само со етнички Македонци кои што живеат на оваа територија туку и со Бошњаци, и со Албанци. И иако нивните мајчини јазици се различни сепак тие зборуваа на еден тажен јазик, а тоа е дека зборуваа за нивната сиромаштија, за тоа дека нивните куќи се празни односно дека нивните деца се заминати во странство. Разочарани се од многу работи, од сиромаштијата, од тоа што немаат помош во нивното производство на тутун“, истакна пратеничката Дафина Стојаноска по средбите со граѓаните што е дел од теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена како „Ова е Македонија за сите“.
Стојаноска додаде дека граѓаните велат дека во минатото тутунот беше синоним за жолто злато но денес со оваа власт тутунот не вреди ништо.
„Едно време кога овие луѓе произведувале тутун и пченица се извезувале надвор од Македонија, а сега се живее во време кога се увезуваат истите овие производи“, вели пратеничката.
Таа посочи дека со еден збор граѓаните чувствуваат огромна разочараност од владата на ДУИ и СДСМ и бараат што поскоро да има избори.